Пораснал бројот на млади со дипломи во рацете, а расте ли и знаењето?

Напредокот на едно општество во многу зависи од образовани луже кои ќе водат напред. Впрочем не така одамна македонска власт исфрли парола: „знаењето е сила, знаењето е моќ“. И министрите (сосе премиерот) тргна да прават факултети во секое поголемо населено место во Македонија.

Се постигна ли целта – да има повеќе знаење кај младите?

Податоците на Државниот завод за статистика велат дека во 2021 година дипломирале 7.753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава. Тоа претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020 година.

На прв поглед целта е постигната, ама дали навистина се доби повеќе знаење или само се добија повеќе млади со дипломи? Ова е прашањето на кое треба брзо да се даде одговорот и од самите факултети и од образовната власт во Македонија.

Инаку, статистичките податоци од лани покажуваат дека во дадениот рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број студенти, а по рокот дури 72 отсто.

Претходна вестАрсовска да не ја заборава улицата на Шилегов
Следна вестСе претвори ли реконструкцијата на Аквадуктот во правењето на крос-патека за мотори?