Камион тешко повреди пешак во Центар

Пешак се здобил со тешки повреди откако вчера утрината бил удрен од автомобил на крстосница од булевар „Крушевска Република“ со булевар „Кочо Рацин“.

-Товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Скопје, удрило во Е.М.(34) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Претходна вестСе претвори ли реконструкцијата на Аквадуктот во правењето на крос-патека за мотори?
Следна вестСлушна ли МПЦ што порачуваат граѓаните за раководењето на црквите во дијаспората?