Прегазил пешак па избегал

Пешак е прегазен во Скопје, а возачот на возилото избегал од местото на несреќата, информира денеска МВР.

Во соопштението се наведува дека вчера во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје и го напуштило местото на несреќата.

-Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, се наведува во информацијата.

Претходна вестМногу важно: Маричиќ е 2 дена во Стразбург, ќе кажува за односите со ЕУ, за корупцијата, за…
Следна вестБобан Петровски на чело на телото за давање мислење за употреба на име на историска личност, ќе се изјаснат ли за „Цар Борис Трети“ и за „Иван Михајлов“?