Многу важно: Маричиќ е 2 дена во Стразбург, ќе кажува за односите со ЕУ, за корупцијата, за…

Скоро и да нема недела кога некој владин преставник нема да замине во далечните институции на ЕУ. Таму одржуваат многу важни средби. Секогаш на македонската јавност и пристигнуваат и соопштенија за тоа – што многу важно се разговарало на средбите.

Оваа недела му се паднало на Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, да е на дводневна работна посета на Стразбург. Повод бил одржувањето на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ во Европскиот парламент ќе има свое обраќање по точката: „Размена на мислења со претставници на Владата на Република Северна Македонија, Советот на ЕУ и Европската комисија за односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ“, заедно со министерот за европски прашања на Република Чешка, Микулаш Бек, Микела Матуела, вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Елза Фeнет, раководителката на Одделот „Западен Балкан“ во Европската служба за надворешни работи и европратеникот и постојан известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, пренесува Макфакс.

Како што се соопштува, во рамки на посетата вицепремиерот Маричиќ ќе се сретне со ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ, Андреас Шидер, со словенечката пратеничката во Европскиот парламент и координаторка на неформална група „Пријатели на Северна Македонија, Ирена Јовева, со Тинеке Стрик од холандската „Зелени“ и Матијаж Немец.

Точки на дневен ред ќе бидат и владеење на правото: борба против организираниот криминал и корупцијата, граѓанско општество и медиуми, енергетската криза и животна средина, добрососедски односи и регионална соработка и извештајот за дијалогот Жан Моне.

Што ќе биде кажано ќе има во следното соопштение. Каде наскоро пак ќе отиде некој друг министер за да расправа за доброто на Македонија ќе има во трето соопштение.

Претходна вестЕте, не болело, Ковачевски и Мицкоски седнаа на иста маса, ќе продолжат ли така и за други прашања?
Следна вестПрегазил пешак па избегал