Се отвори новиот пешачки мост кој беше наменет за панорамското тркало

Пуштен е во употреба пешачкиот мост меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев кој ќе ги поврзува еврејското маало со сквер Јадран и градскиот плоштад, објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук

Се работи за мостот кој претходната градска и централна власт го намени за изградба на панорамско тркало. Но, новите градски и државни власти во 2017 година се откажаа од проектот на претходната власт на мостот да се направи панорамското тркало, и се реши мостот да се адаптира во пешачки. За да не пропаднат вложените десет милиони евра, од предвидените 20 милиони, и да не се потрошат дополнителните 3,1 милион евра за негово уривање, беше донесена одлука мостот да се заврши за да сепак биде од полза за граѓаните.

На новиот мост, на неговите носечки сајли и столбови, е поставено и осветлување. Дел од скопјани забележаа дека Камениот мост, кој е симболот на градот, е потонат во темница и апелираа и тој да биде осветлен.

Претходна вестВонредна инспекција: Има ли некој вина за смртта на 41-годишната пациентка во штипската болница?
Следна вестНапорната работа, дисциплината и добриот тренер се поважни од талентот