Синовите имале долг, нападнати родителите во Гази Баба

242

Брачна двојка била нападната од страна на две лица синоќа во скопската општина Гази Баба, соопшти полицијата.

-Вчера во 18.00 часот во Полициска станица Гази Баба, лицето П.Т.(66) од Скопје пријавило дека во 15.20 часот во нивниот двор со неговата сопруга биле физички нападнати од две лица, кои употребиле тврди предмети, откако претходно го оштетиле паркираното возило „Алфа“, сопственост на нивниот син.  Според пријавеното, најверојатна причина е недоразбирање околу должничко-доверителски односи со нивните синови, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вест„Музичко патување“ – концерт вечерва во Македонската филхармонија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: За време на власта на Заев долгот порасна за 2,4 милијарди евра