Сончево со мала облачност, температурата ќе расте

Сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, денешна е прогноза на метеоролозите за скопското подраќје. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени.

На подрачјето на земјава слично време, претпладне сончево и топло, а попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Од вторник до четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестНалет субвенции, скопјани бараат повратокот на пари за инвертори да се прави електронски
Следна вестПочна Петровденскиот пост, еден од четирите повеќедневни пости