Темен режим Режим на светлина

Србин фатен додека шверцувал мигранти кај Неготино

Денеска, во 12.15 часот, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М. Н. (30) од Република Србија.

При контрола во патничко возило „форд мондео“, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар.

По целосно документирање на случајот, против М. Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Жив сум и здрав“, објави Сорос по гласините за негова смрт

Следна објава

Времен режим на сообраќај на улицата „Александар Урдаревски“