Времен режим на сообраќај на улицата „Александар Урдаревски“

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, со прв слој асфалтна маса, на потегот од  населено место Кучевишка бара кон обиколницата, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре од 8  до 14 часот во едната насока и в среда, во истиот временски период на другата спротивна насока.

ЈП „Улици и патишта“ апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Претходна вестСрбин фатен додека шверцувал мигранти кај Неготино
Следна вестОблачно, поројни дождови, грмежи…