Уапсено младо момче, во неговото возило биле пронајдени седум мигранти

Вчера во гевгелиско бил приведен криумчар на мигранти. Во неговото возило биле пронајдени седум лица.

– На 23.01.2024 околу 20.00 часот во близина на с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Претходно, кај с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ кое M.K. го управувал, но тој продолжил со движење и во близина на Негорци го запрел возилото и се обидел да побегне, по што бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина, информираат од МВР.

 

Претходна вестКазнети 158 возачи во Скопје, 42 од нив возеле пребрзо
Следна вестМашиновозачите во Германија со најдолгиот штрајк досега