Загина 30-годишник во сообраќајка

Во сообраќајка загина 30-годишен велешанец, а девојка и малолетничка се тешко повредени. Тие со автомобил излетале од автопатот Скопје – Велес.

– На 10.05.2023 околу 00.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес, информира МВР.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестТрајковски постигна гол од 40 метри во Премиер лигата на Саудиска Арабија
Следна вестГеоргиев најавува дека само МИА ќе ги снима седниците на Судскиот совет