Георгиев најавува дека само МИА ќе ги снима седниците на Судскиот совет

Уште денес ќе стапам во контакт со претставници од МИА преку Судски совет да имаме во иднина редовно снимање на седниците и да се пренесува преку МИА и кој е заинтересиран да презема од МИА, најави денеска новиот претседател на Судскиото совет Сашко Георгиев. Пред почетокот на денешната седница тој рече дека под неговото раководство Судски совет ќе покаже дека ќе ја зголемува транспарентноста и отчетноста.

-Вчера со реакција се јави ЗНМ дека неоправдано биле отстранети камерите, но јавноста беше присутна преку новинарите, невладините, но заради големиот број на присуство на камери, стручните служби со потешкотии си ја вршеа својата работа. Сведоци сме дека тешко се вршеше движење при ждребување на дневниот ред. Само сите заедно со исклучително транспратентна работа заедно ќе постигнеме добри резултати. Барав да има присуство од камера од МИА и ве повикувам и во иднина да ги следите нашите седници, рече тој.

Георгиев вчера на почетокот на седницата кажа дека поради условите во салата, одлучено е камерите да не бидат внатре, туку само новинарите.

-Ќе потенцирам во делот на јавноста, јавноста ќе биде присутна, но камерите само ќе бидат оставени уште минута до две, да го завршат својот прилог за снимање, а потоа камерите ќе мора да ја напуштат седницата. Јавноста останува да биде присутна, а камерите доволно е да бидат присутни само мал дел, а потоа нема потреба. Вие сте присутни. Условите ни се такви дека тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентно, но е потребно за условите за работа, рече Георгиев на почетокот на седницата.

На ова реагираше ЗНМ, осудувајќи го, како што посочи, „непринципиелниот однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, да ги отстрани присутните сниматели, а притоа да им биде дозволено присуство на новинарите на седницата“.

– Ова е лоша пракса, што може да биде лесно преземена и од други институции и да придонесе кон нарушување на правото на јавноста да биде целосно информирана за работата на судските власти. Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат работата и влијаат на концентрација на присутните, без притоа претседателот Георгиев да објасни на кој начин снимателите одеднаш станаа пречка за работењето на советот, наведе вчера ЗНМ.

Оттаму посочуваат дека не гледаат никаква оправданост во причината на оваа донесена одлука, од страна на претседателот Георгиев.

Претходна вестЗагина 30-годишник во сообраќајка
Следна вестСе судрија „пунто“ и „опел“, прегазен пешак во Скопје