Бензините поевтини за два денари, дизелот за денар и пол

Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48  отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг и сега ќе изнесува 41,810 ден/килограм, соопшти Комисијата

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 86,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм), се наведува во соопштението.

Претходна вестВоз прегази маж на пругата Битола – Скопје
Следна вестСрбија му подари реми на Камерун