Да не чекаат гусари да дојдат и да ја потопат или украдат галијата?

smart

Вардар низ Скопје протекува набрзина, не може да го гледа сето ѓубре што се фрла во него. Не може да ја гледа и распарталената галија која одамна требаше да ја снема. Таквата руина ја гледа ли барем градоначалничката Арсовска?

Во галијата која требаше да биде отстранета уште пред две години пред два дена избувна и пожар. Оганот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид вршила увидна екипа од СВР Скопје.

И толку. Сега пак растурената и опожарена галија ќе продолжи да стои спроти хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар на Скопје?

Испадна галијата поцврста и од некои стиропорни згради направени при проектот „Скопје 2014“. Инаку, уривањето на галијата почна уште 2021 година во април. На почетокот на нејзиното уривање присуствуваше дури и тогашниот Градоначалник Петре Шилегов.

– Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“. Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, изјави тогаш Шилегов.

Но, галијата го надживеа мандатот и копачите на Шилегов, тој замина од функција галијата остана. Неа остана да ја руши Данела Арсовска новата градоначалничка на Скопје.

Арсовска во ноември минатата година изјави дека галијата ќе продолжи да се урива бидејќи е „завршена работа и има потпишано извршно решение“. Сепак, што според неа е извршно решение, уште не е познато.

Па така не може, а да не се запрашаме колкава е способноста на нашите сегашни и некогашни градоначалници и што можат тие да направат ако по се изгледа не се способни еден проблем со галија да решат.

Да не чекаат гусари да дојдат и да ја потопат или украдат?

Претходна вестПутин и Џинпинг насмеани – денес ќе потпишат 2 големи договори, Блинкен ги критикува
Следна вестНаучниците со последно предупредување за климата: Да се дејствува сега или ќе биде предоцна