Темен режим Режим на светлина

Фатен на дело: Пироман запалил трева, сведоци го пријавиле во полиција

Маж запалил сува трева на патот кон селото Парагуша пред два дена, но жители од околината го виделе и пријавиле во полиција – по што синоќа бил фатен, ова, накусо, се случувало вчера во скопската населба Драчево.

Како што информираат од МВР, се работи за 59-годишен маж со иницијали Ф.С. од село Долно Количани

-Постапувајќи по пријава од 09.08.2022, според која покрај патот кој води за с.Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено на 10 август, се вели во соопштението од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЦУК уверува: Никаде во Македонија нема пожари до овој момент

Следна објава

Можат ли МВР и судовите да ги скротат збеснатите возачи низ Скопје?