ВМРО-ДПМНЕ: „Стево и плочата“ е продолжение на безличната политика на Пендаровски

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека претседателот на Македонија води политика од денес за утре. Тоа како што посочуваат во соопштението се видело и околу настаните за спомен плочата во манастирот Свети Прохор Пчински.

Пред само една недела Пендаровски бомбастично ја промовираше својата посета на манастирот Свети Прохор Пчински кај што се одржало првото заседание на АСНОМ, стои во соопштението.

-Поминаа самофалбите на Пендаровски, помина пиарот и по принципот на потемкиново село, работите ги снема. Она на кое што Пендаровски посвети најмногу фалење, а тоа е спомен плочата во манастирот, веќе е тргната. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако не си ги порекне своите зборови. Тој секој пораз знае да го преставува како победа, ама сосема друго прашање е колку му веруваат граѓаните. Па така и во овој случај неговиот кабинет се брукаше па објаснува дека спомен плочата била од “времен карактер“ (!?) Веројатно во светот ова е единствен случај на времена стави-вади спомен плоча која како потемкиново село се става и вади само за очите на јавноста. Ова срамна епизода „Стево и плочата“ е продолжение на безличната политика на Пендаровски, која во последните неколку месеци ја збогати со зачестени пишман изјави во стилот на неговиот соработник Заев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски треба да знае дека и тој како и целата оваа екипа на СДСМ ќе завршат на историското и политичкото буниште заради сите лаги, понижувања и порази кои му ги приредија на народот, додаваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестМожат ли МВР и судовите да ги скротат збеснатите возачи низ Скопје?
Следна вестКога Владата ќе ги укине македонските „даночни оази“?