Можат ли МВР и судовите да ги скротат збеснатите возачи низ Скопје?

Пребрзото возење по скопските улици е вообичаена работа за многу возачи. Затоа и има многу сообраќајни несреќи, загинати, повредени…

Се бара ли потемелно решение за оваа долгогодишна појава?

Вчера на територија на град Скопје биле изречени вкупно 187 казнени мерки од страна на полицијата. Како што соопштува МВР меѓу казнетите за возење повеќе од дозволената брзина биле 69 лица.

Бројката делува голема, но само да се застане 20 минути на улиците во Карпош, Аеродром, Чаир… ќе се видат многу повеќе „рели возачи“ од оние што се казнети. Значи, треба многу посеопфатна и подолготрајна акција на полицијата. Треба и многу посериозно судовите да реагираат на потешките прекршоци сторени при возење со преголема брзина.

Џабе се најавуваат и нови построги законски решенија, ако тие не се спроведуваат или сторителите воопшто и не се воочуваат.

Инаку, вчера полицијата казнила и девет лица за возење без возачка дозвола.

Можат ли МВР и судовите да ги скротат збеснатите возачи низ Скопје?

 

Претходна вестФатен на дело: Пироман запалил трева, сведоци го пријавиле во полиција
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: „Стево и плочата“ е продолжение на безличната политика на Пендаровски