ЦУК уверува: Никаде во Македонија нема пожари до овој момент

До овој момент нема активни пожари на територијата на Македонија, уверува Центарот за управување со кризи. Од таму информираат дека локализиран е и тој во охридските села Вапила и Сирула, уште вчера – иако борбата со него траеше цели претходни ден и ноќ.

Пожарникарите успеале да се справат и со уште неколку други кои се појавија во текот на вчерашниот ден.

-Изгаснати се пожарите во кумановското село Сопот, каде беше запалена шума. Од 16:00 до 19:00 часот интервенирано е со едно возило и пет пожарникари. Пожарот од 10:25 часот што избувна кај бензиска пума Детоил во Куманово, каде гореше сува трева, е изгаснат во 11:10 часот со едно возило и четири пожарникари. Пожарот во кумановското село Шупли Камен, каде гореше сува трева, е изгаснат во 14:40 со едно возило и четири пожарникари, се вели во соопштението на ЦУК.

Претходна вестПо топлотниот бран – освежување, на места со невреме и пороен дожд
Следна вестФатен на дело: Пироман запалил трева, сведоци го пријавиле во полиција