По топлотниот бран – освежување, на места со невреме и пороен дожд

Од вчера посвежите температури, особено во попладневните часови, според метеоролозите, се очекува да останат и до недела. Тоа значи дека претпладне генерално ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што предвидуваат надлежните, локално невремето ќе се манифестира, меѓу другото, и со силни електрични празнења и појава на град.

Во Скопје денеска се очекува да е слично како вчера: претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови во делови од градот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Низ цела Македонија максималната дневна температура ќе се движи до 34 степени.

Претходна вестЗа 8 дена почнува 13-тото издание на „МакеДокс“
Следна вестЦУК уверува: Никаде во Македонија нема пожари до овој момент