Темен режим Режим на светлина

Казнети над 200 возачи во Скопје, 145 од нив за пребрзо возење

На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден, се забележани голем број на сообраќајни прекршоци. При полициска контрола санкционирани биле 214 од кои дури 145 поради возење со брзина над дозволената.

– Во текот на вчерашниот ден при сообраќајна контрола на подрачјето на гад Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за користење мобилен телефон за време на возење…, се вели во соопштението од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Што со платите на 110.000 вработени во јавниот сектор?

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Еден загинат по излетувањето на македонско возило кај Врање