Темен режим Режим на светлина

Еден загинат по излетувањето на македонско возило кај Врање

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Едно лице е загинато во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Партизански пат“ во Врање. Според неофицијални информации на српските медиуми автомобилот со регистерски таблици од Македонија излетал од патот и удрил во насипот. Во информациите се наведува дека се работи за македонски државјанин стар 25 години, а којшто заедно со пријателите се враќал дома.

Неофицијално се пишува дека лицата го згрешиле патот кон Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека го заборавиле мобилниот телефон во кафеаната во центарот на градот, каде што претходно престојувале и се вратиле назад, по што се случила несреќата. Автомобилот од непозната причина излетал од патот и удрил во рабник. Истрагата е во тек.

Од полицијата велат дека се уште не се познати околностите, но потврдено е дека истрагата е во тек. Еден пациент е згрижен на Итна медицинска помош, дијагностиката е во тек.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Казнети над 200 возачи во Скопје, 145 од нив за пребрзо возење

Следна објава

Денес напладне на Билазора со поетско читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата