Список на најсреќните нации во светот: Македонија најнесреќна во регионот

Македонците се чувствуваат како најнесреќни граѓани во балканскиот регион. Ова го покажува најновиот Извештај за среќата во светот на Институтот Галуп. Меѓу вкупно 137 земји Македонија е рангирана на 87-мото место, а блиски до нас според степенот на среќата се Венецуела, Конго и Украина на 92. место.

Од земјите во наша близина, Словенија е најсреќна на 22 место, па Косово на 34, Италија е 33, Србија на 45, Хрватска на 48 и Унгарија на 51. Црна Гора е на 67 место во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е на 71 место. Грција е малку полоша, таа е на 58 место, под Јужна Кореја. Русија е едно место подобра од БиХ и е на 70. место. Албанија е на 83. место, над Индонезија и Јужна Африка.

Меѓу најсреќните нации во светот, по Финска се Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Извештајот се прави врз основа на разни анкети спроведени во земјите. Земени се предвид шест фактори, меѓу кои Слободата да се прават животни избори, Изгледите да се има здрав живот, Дарежливоста на луѓето, Перцепцијата за корупцијата која ја имаат луѓето, Социјалната поддршка која државата ја обезбедува, Бруто домашниот производ и факторот наречен Дистопија и издржливост. Во посебни табели дадени се и Оценка за просечниот живот во земјата и Рангот на довербата.

Просекот на среќа во светот останал речиси непроменет ако се спореди периодот пред пандемијата со ковид-19, од 2017 до 2019, со периодот од 2020 до 2022 година.

Претходна вестЈа поправи ли Борел (не)довербата на Македонците кон ЕУ?
Следна вестСтудент на генерација, татко на три деца, кој е Јаков Милатовиќ, противкандидатот на Ѓукановиќ на изборите во Црна Гора?