Ќе има ли во Владата влези – излези? 

Владата ќе се шири. Така посакуваат СДСМ и ДУИ, сакаат постабилно мнозинство и нова партија во коалицијата. Ама дали се оди така глатко?

Прво да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците, па потоа се очекуваат разговори околу тоа дали ќе останат или ќе ја напуштат владината коалиција од партијата Алтернатива. Оваа партија, која е дел од владината коалиција, вчера одржа состанок со членството во Гостивар по што лидерот Африм Гаши изјави дека тие сакаат да се исполни договорот со кои влегле во Владата.

– Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата. Ние сме за компромис околу распределбата на ресорите. Но, партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата, истакнал Гаши.

Можно ли е во Владата да има влези – излези?

Претходно, медиумите пренесоа информација дека лидерот Гаши не се согласува да и го отстапи Министерството за здравство на Алијанса за Албанците. Негодувања имаше и кај партијата на Павле Трајанов1 и тој имаше свои услови…

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, завчера по седницата на Извршниот одбот на партијата изјави дека во најголем процент се усогласени со Алијанса за Албанците, но оти се уште не се разговарало за кадровски решенија.

Да, тие кадровските решенија, или народски кажано – министерските фотелји, се проблемот. А проблемите на Македонија ќе се решаваат потоа, кога некој новораспореден ќе седне во фотелјите?

Претходна вестМаж починал откако со автомобил удрил во паркиран автобус
Следна вестКонцерт на тенорот Благој Нацоски во НОБ