Министерот за економија позитивен на коронавирус

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е позитивен на коронавирус.

Веста ја сподели тој на социјалните мрежи, коментирајќи дека резултатот го добил денеска, но нема никакви симптоми и се чувствува добро.

„Би сакал да ве известам дека и покрај максималните напори и почитување на протоколите, штотуку сум информиран дека сум позитивен на Ковид-19, од тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми, а членовите на моето семејство добија негативен тест. Ве повикувам да ги почитувате протоколите, ви посакувам сè најдобро вам и на вашите семејства“, напиша Бектеши.

Претходна вестСончево и топло со температура до 37 степени
Следна вестМинистерството за здравство се пофали со реновираната Клиника за нефрологија