Приведени три лица кои се бореле за Исламска држава, најдено и оружје

Учеството во редовите на терористичката организација Исламска држава но и пронајдено нелегално оружје и муниција е причина за приведувањето на тројца македонски државјани. МВР денескаинформриа дека тие во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејства.

Како што соопшти МВР, во изминатиот период, лицата О.С (28), Р.С.(33) и М.Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Македонија.

-Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело, соопшти министерството.

Согласно обезбедените докази, била поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“ предвидено во член 322 од Кривичен законик.

Претходна вестМостот кај „Ист гејт“ останува затворен додека не се санираат штетите
Следна вестКанческа – Милеска ослободена од обвиненијата за случајот „Тендери“