Скопјани, стружани и прилепчани ќе уживаат во „Неделата на новиот германски фимл“

Македонската публика во неколку града ќе може да ужива во „Неделата на новиот германски филм“ која стартува на 24 август. За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции под отворено небо.

Проекцијата на филмовите најпрво почнува во Струга, ќе трае до 27 август таму. Прв филм е премиерата на долгоочекуваниот „Undine“ на режерот Кристијан Петцол. Фестивалот ќе продолжи со прикажувањето на селекцијата составена од трилерот „Ballon“ (2019) на Мајкл Хербиг, биографскиот „Mein Blind Date Mit Dem Leben“ (2017) на Мајк Ротемунд и комедијата „Die Goldfische“ (2019).

По Струга следи Скопје, од 1 до 7 септември, а во меѓувреме проекции ќе има и во Прилеп на 3 и 4 септември. Останати наслови кои ќе бидат прикажани за време на фестивалот се: „Ich fühl mich Disco“ (2013) на режисерот Аксел Раниш, „Kaddisch für einen Freund“ (2012) на Лео Касин и комедијата „Fack ju Göhte“ (2013) на Бора Дагтекин.

Oвогодинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ го реализира Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 во соработка со Кинотека, Дрим Шорт Струга и Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Претходна вестВо „Димитар Македонски“ наместо да се гради, преку ноќ се сечат дрвата- Аеродром молчи
Следна вестСончево со слаб до умерен ветер од северен правец