Темен режим Режим на светлина

Сончево и топло со локален пороен дожд

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Времето денеска ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени.

Во Скопје, сончево и топло од пладневните часови во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе се задржи топло со максимални температури малку над просекот за овој период од годината. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, со грмежи и засилен ветер и со услови за појава на град, понекаде и во форма на невреме

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тројца повредени во сообраќајка кај превојот Буково

Следна објава

Светите Кирил и Методиј старомакедонскиот словенски јазик го направија првиот книжевен јазик на сите Словени