Во три случаи, цариници откриле сокриени 45.000 евра и половина килограм злато

Вкупно 45.000 евра заплениле макeдонските цариници во три одвоени контроли што ги извршиле во минатите две недели, соопшти денска Царинската управа. Во привиот случај на преминот Богородица, биле откриени 25.000 евра кои биле сокриени во кутијата за прва помош во автомобил со српски регистарски таблички, во кој имало двајца државјани на Србија. На истиот премин, кај еден грчки државјанин во предните џебови од неговите панталони биле пронајдени 20.000 евра.

-Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а 10.000 евра биле привремено задржани, се наведува во информацијата.

Во третиот случај кај двајца босански државјани биле пронајдени 10.000 евра кои не ги пријавиле на цариниците.

На граничниот премин Блаце запленети се златници и друг златен накит.

-56 златници и 5 парчиња златен накит, со вкупна маса од 429 грама, откриени се при контрола на македонски автомобил со кој за излез од државата на граничниот премин Блаце се пријавиле двајца сопружници, македонски државјани. Непријавените златници и златниот накит биле откриени во еден сошиен чорап, сместен во несесер, и во алуминиумска фолија, сместена во паричник, пронајдени во чантата на сопатничката, информира Царината.