Чаир ветува уривање на градбата кај „Фонтана“, ама „не знаат“кому да јават дека булдужерите доаѓаат

Дивоградбата на местото на кафулето „Фонтана“ во Мавровка уште цврсто стои „на нозе“. На прашањето „зошто?“ накусо би можело да се опише дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу сега го известува сопственикот, односно инвеститорот дека ќе му го урива објектот, ама официјално, не се знае кому треба да му се јават дека доаѓаат булдужерите… „Звучи како дел од роман или филм, а за да биде реалност е срамота!“ – коментираат скопјани.

Сликата од терен е дека последниве 5 дена не се гради ништо. Објектот е застанат до каде што стигна: бетонски плочи и ѕидови што се најава за се што може да се нарече зграда само не за кафуле – за што самиот градоначалник гарантираше дека – според дозволата за градба и според ветеното од сопственикот односно инвеститорот, ќе биде. Ганиу пред само неполн месец ги убедуваше новинарите да не се прави тенденциозна паника „оти на местото ќе си никне истата „Фонтана“„. По околу две недели целосно го промени мислењето и почна да зборува дека е дивоградба. Но „мистериозноста“ не е само таа бидејќи Ганиу никогаш не објасни зошто го смени мислењето, туку и сопственикот на објектот. Одеднаш сега не се знае кој гради диво во Мавровка за да можело да биде известен дека мора да се урне објектот.

Па, затоа, од петокот тече рокот од 8 дена со кој Чаир формално-правно го известува сопственикот дека објектот е дивоградба и треба да се урне. Известувањето одело на овој начин оти претходно, наводно според изјавите на Ганиу за одредени медиуми, неуспешно се обидувал по приватна линија да го добие и извести. Тендерот за уривање е вреден повеќе од еден милион денари, а ќе се користел за уривање и на други незаконски градби со траење од цела наредна година. А ако во меѓувреме инвеститорот се појави и одлучи сам да урива, тендерот останува да си важи.

Инвреститорот официјално и натаму е мистерија и за полицијата и за обвинителството. Тие уште немаат отктирено која е причината што во среде полициски час „Фонтана“ изгоре до темел на 1 мај.

-Сериозни сте дека ви веруваме дека не можете да го најдете сопственикот?!? Добро утро добри луѓе, сакате ли по една чаша нафта: чаирскиот градоначалник части, денеска треба да ни ја продаде приказната оти појма немал кој гради на Мавровка! Навредување на народната интелегенција 100-ти дел: Висар Ганиу вели „кој ли гради на Мавровка „да ми је да знати“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Скопјани не даваат поддршка за најавата за уривање оти, судејќи според дивите градби на Матка, тие никнаа и работат со полна пареа. Не ги допре никој.

Претходна вестСкопјани му скокнаа на шефот на кабинет на Шилегов за Универзална: Џабе везете, никој од Скопје не ви ја прифаќа одлуката
Следна вестПоследна вечер посветена на Чарли Чаплин во Кинотека