Џабе ти се фотките од пиромани и крадци

Поминаа четири дена откако пироманот со псевдоним „џељокинг2000“ кој на социјалната мрежа „Тик Ток“ објави видео на кое се гледа како потпалува пожар во некоја од нашите шуми. До каде е полицијата со пронаоѓање на пироманот? Колку помогна дрскоста на потпалувачот да објави и своја фотографија за да се најде и казни за она што го прави?

Полицијата соопштува дека презема мерки за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамоишно расчистување на настанот. Но, впечатокот е дека сето ова оди бавно. 

Бавно е и со откривањето на крадците на велосипеди иако и за нив има фотографии, снимки од камерите по влезовите на зградите кои се споделуваат во јавноста и доставуваат до полицијата, но нема вести дека тие крадци се приведени или барем повикани во станици за да објаснат што правеле во тие влезови во тие периоди.

Ако и кога има фотографии и оставени траги на интернет тешко се доаѓа до криминалците, тогаш е разбирливо зошто полицијата не може да открие кој гради џиновски дивоградби во центарот на Скопје, оти тоа се прави скришум – ноќе, ниту сведок има, ниту фотка која можеби ќе помогне.

Претходна вестПревезувале 94 мигранти напикани во камион
Следна вестГореа три возила на паркинг во Ново Лисиче