Победа на Македонија над Израел

Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа третата победа во третиот контролен меч, овој пат одигравме добро второ полувреме за триумф над Израел од 31-28.

Македонија не импресионираше но дојде до триумф, отсуствуваа и неколку важни ракометари во нашиот состав, а до триумфот дојдовме благодарение на добрата игра кога најмногу требаше, во последната третина од мечот.
Во првиот дел Израелците беа подобар тим и на одморот заминаа со предност од 15-14, работите се променија во вториот дел, во последните 20 минути од мечот.
Израел водеше со 20-18 кога направивме серија од 3-0, таа потоа продолжи до 5-1, а Израел остана на тој единствен гол до 49. минута, кога првпат поведовме со плус три, 25-22. На крајот ја задржавме таа предност и славевме со 31-28.
Дури 13 ракометари се запишаа како стрелци барем еднаш, а најефикасни беа Ненад Костески со пет гола, Филип Талески и Цветан Кузманоски со по четири. Томовски запиша четири одбрани, но одличен беше и Никола Митревски пред него, со осум одбрани за 40-тина минути.
На овој меч не настапија, Никола Маркоски, Бојан Маџовски, Жарко Пешевски, Марко Митев и Костадин Петров.
Можност за подобро издание имаме веќе утре кога играме уште еден натпревар со Израел, исто така со почеток од 18 часот.
Претходна вестОткриен нов случај на вршење јавен превоз без лиценца
Следна вестЗа непрописно вградени фолии изречени 11 казни