За две и пол години државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови возила

Држаните институции купиле повеќе патнички возила во минатиот пеиод. Имено, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето за набавените нови патнички возила од државните институции во 2018, 2019 и 2020 година, пренесува Макфакс.

Истражувањето открива дека во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра.

Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра.

Меѓу марките возила убедливо водат „Шкода“ и „Фолксваген“ од кои се купени 100, односно 88 нови возила, односно речиси половина од сите новонабавени возила се од овие две марки. Кај „Фолксваген“ води моделот „пасат“ со 53 возила, додека половина од набавените возила од марката „Шкода“ се од моделот „октавија“.

Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со 3 милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра.

Како што покажува истражувањето, конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и не постоела. Дури на 71% од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова, како што се наведува, го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале.

Претходна вестЌе мора ли Владата да решава и за сите други уривања на дивоградби?
Следна вестМлади се журкале во „Бисер“, надлежните пак доцнат со реакција